ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Дербито за Гостивар, убедлив триумф на Пелистер

Фудбалерите на Лабуништа триумфираа со 1-0 против Вардар Форино во 3. коло од Втората лига – Запад. Стрелеци на победничкиот гол за Лабуништа беше Антонио Каланоски уште во 3. минута од натпреварот.

Со погодоците на Чилафи во 20. минута и Алили во 42. минута, Гостивар славеше со 2-0 против Велазерими пред своите навивачи.

Пелистер убедливо триумфираше на домашен терен против Дрита со 3-1, а Кораби славеше против Охрид со 2-0.

Скопје со голот на Дејан Маркоски во 80. минута победи на гостувањето против Кадино со 0-1.

РЕЗУЛТАТИ – 3. КОЛО

Пелистер – Дрита 3-1

Гостивар – Велазерими 2-0

Кораб – Охрид 2-0

Кадино – Скопје 0-1

Лабуништа – Вардар Форино 1-0

Се вчитува...