ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Гостивар ја освои Струга, Скопје во последен час го доби Велазерими

Фудбалерите на Гостивар славеа убедлив триумф (1-4) на гости против Струга Трим Лум. Домаќинот поведе со голот на Нијас Лена, но потоа Гостивар возврати жестоко. До крајот на првиот дел, Лавдрим Скендери и Флорент Османи донесоа пресврт, а во второто полувреме Османи од пенал и Бесим Мифтари го потврдија конечниот триумф.

Скопје во последен час стигна до победа против Велазерими. Тони Брњарчевски во судиското продолжение од натпреварот беше стрелец за минимална победа од 1-0.

Тетекс со пресврт го доби Пелистер со 2-1. Битолскиот второлигаш дојде во водство со голот на Благојче Главевски во 30.минута, но Иво Јанакиевски израмни пред одморот. Во вториот дел, Стефан Коцев донесе победа за Тетекс со гол во 90.минута од мечот.

Генч Калемлер го совлада Кораби со 3-1.

Се вчитува...