ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Гостивар сигурен, „лавовите“ го гризнаа Тетекс

Гостивар го чува врвот во Втората лига – Запад со убедлив триумф над Еуромилк (4-0). Илирид Адеми постигна хет -трик на овој меч, а и Артан Велиу се запиша меѓу стрелците.

Македонија ЃП исто така има прволигашки амбиции. „Лавовите“ го совладаа Тетекс со 2-1. Иван Настевски го постигна првиот гол за домаќините, искусниот Боби Божиновски зголеми на 2-о, а Шериф Реџепи беше стрелец на почесниот погодок за „текстилците“.

Велазерими исто така славеше сигурен триумф од 2-0 против Локомотива, со головите на Мурат Адили и Абдулен Имери, а со идентичен резултат и Лабуништа го совлада Новаци, со двата гола на Игор Клечкаровски.

Струга Трим – Лум во првиот меч од ова коло го совлада Зајази со 4-1.

Се вчитува...