ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Лабуништа го освои Гостивар, Пелистер подобар од Кораби

Лабуништа покажува дека има прволигашки амбиции, откако успеа да го совлада Гостивар на гости со 0-1. Климе Далчески го постигна победничкиот погодок за гостите во 73.минута, за значајни три бода.

Пелистер во последен час стигна до триумф од 2-1 против Кораби. Благоја Наумоски од пенал донесе водство за битолскиот тим, Ујкан Муча израмни во 70.минута, а Благојче Главевски беше творецот на победата, и тоа со погодок во судиското продолжение од дуелот. Гоблен и Велазерими одиграа 1-1.

Струга Трум Лум и Генч Калермер ќе играат, додека Тетекс и Скопје ќе се сретнат на 23 октомври.

Се вчитува...