ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Лабуништа победи за Сара и за Амина, и за преземање на врвот!

Фудбалерите на Лабуништа славеа со 2-0 против Скопје во последниот натпревар од 12. коло во Втората лига – Запад.

Лабуништа целата задача на натпреварот си ја заврши уште во првото полувреме кога беа постигнати двата погодоци. Најпрво погоди Миџен Шерифи во 22. минута, а конечните 2-0 ги заокружи Бојан Спиркоски во 41. минута.

Со оваа победа Лабуништа со 23 бода се проби на врвот на второлигашката табела, избивајќи со еден бод предност во однос на Струга Трим Лум кој вчера ремизираше (1-1) против Тетекс во Тетово. Оваа победа на фудбалерите на Лабуништа е и за Сара и за Амина, за кои на мечот се собираше донација за помош за нивните неопходни лекувања во странство!

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...