ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Лабуништа со триумф над Гоблен си го затвори есенскиот дел

Фудбалерите на Лабуништа со триумф од 2-0 против Гоблен јуниор си го затворија есенскиот дел од шампионатот.

Во последното есенско коло, Лабуништа на домашен терен победи со погодоците на Игор Клечкароски од пенал во 29. минута и Методија Милевски во 79. минута.

Лабуништа есенскиот дел го заврши на втората позиција на табелата со еден бод заостанување зад водечката Струга Трим Лум. Од есенската полусезона останува уште одигрување на дуелот меѓу Скопје и Тетекс на 1. декември.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...