ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Лабуништа во бараж, Пелистер загуби од Кораби

Лабуништа обезбеди место во бараж за пласман во Првата лига, откако на домашен терен го совлада Скопје со 2-1. Домашниот состав поведе со голот на Климе Далчески во 41. минута, а Дејан Лескароски зголеми на 2-0. Конечниот епилог го постави 2-1 Филип Јовановски во 77. минута.

Пелистер потклекна во прволигашките амбиции откако загуби на гости од Кораби со 1-0. Стрелец на единствениот погодок на денешниот натпревар беше Ујкан Муча во 42. минута.

Струга Трим Лум и Гостивар одиграа без голови, а Тетекс на гости со 0-2 го совлада Гоблен Јуниор. Тоа е важна победа во битката за опстанок. Валон Зеќири донесе водство, а конечните 0-2 ги постави Енис Дервиши од пенал.

Велазерими и Генч Калемлер ремизираа 1-1.

Се вчитува...