ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: „Лавовите“ се вратија на врвот – триумф над Лабуништа

Фудбалерите на Македонија ЃП се вратија на врвот во Втората лига – Запад откако во 23. коло славеа со 3-2 против Лабуништа. Во последниот натпревар од ова коло Велазерими славеше против Струга ТЛ со 1-0.

Лабуништа прва дојде до предност на дуелот во Скопје со голот на Милевски во 25. минута. Трајче Стојковски израмни во 37. минута, за да Дејан Тантуровски во 47. минута донесе предност за „лавовите“. Во продолжението, Кристијан Костовски од пенал во 66. минута зголеми на 3-1, а конечните 3-2 ги постави Неџми Реџепи во 86. минута.

Велазерими до победата против Струга ТЛ дојде со голот на Куштрим Балажи од пенал во 44. минута.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...