Македонија ЃП триумфираше со 1-2 на гостувањето против Струга Трим Лум во 24. коло од Втората лига – Запад, по што повторно го презеде врвот на табелата.
Боби Божиновски во 18. минута донесе предност од 0-1 за Македонија ЃП, но домашните со голот на Антонио Каланоски израмнија во 20. минута.
Тензичниот натпревар домашните го завршија и со два фудбалери помалку по исклучувањето во второто полувреме на Каланоски и Таири, па сето тоа го искористија „лавовите“ кои до победата дојдоа со голот на Кристијан Костовски во 99. минута.
Велазерими славеше со 3-0 против Еуромилк ГЛ во последниот натпревар од ова коло. Стрелци на головите за кичевци беа Демири, Небиу и Имери.
Македонија ЃП е на врвот со 50 бода, еден повеќе од Велазерими а трет е Гостивар со 47 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА