ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Пелистер ниже победи, Лабуништа со пресврт до триумф над Гостивар

Пелистер продолжува со победите во Втората лига – Запад, славејќи со 3-1 пред своите навивачи против Велазерими во 7. коло.

Пелистер до победата над Велазерими од 3-1 дојде со головите на Бујчевски од пенал во првото полувреме, и двата гола на Благојче Главевски во вториот дел.

Лабуништа триумфираше со пресврт против Гостивар. Гостите имаа предност со голот на Реџепи по првото полувреме, но Лабуништа со головите на Сунај Хасан во 77. минута и Петар Љамчевски во 85. минута дојде до посакуваните три бода.

Вардар Форино славеше убедливо со 4-1 против Охрид, а Кадино исто така убедливо со 3-1 славеше против Кораби. Дрита славеше против Скопје со 0-1.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (7. КОЛО)
ПЕЛИСТЕР – ВЕЛАЗЕРИМИ 3-1
КАДИНО – КОРАБИ 3-1
ЛАБУНИШТА – ГОСТИВАР 2-1
ВАРДАР ФОРИНО – ОХРИД 4-1
СКОПЈЕ – ДРИТА 0-1

Се вчитува...