ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Пелистер „падна“ на Автокоманда, Гостивар триумфално во Охрид

Скопје запиша убава победа од 2-1 во 2. коло од Втората лига – Запад славејќи пред своите навивачи против битолски Пелистер.

Во дербито на колото, пак, Велазерими и Лабуништа одиграа без победник (1-1), додека најубедливата победа ја запиша Вардар Форино од 3-0 против Кадино. Убедлив триумф од 3-1 запиша и Дрита против Кораби.

Гостивар до триумфот од 0-1 на гостувањето во Охрид дојде со погодокот на Илбер Алили во 27. минута од средбата.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (2. КОЛО)
Велазерими – Лабуништа 1-1
Скопје – Пелистер 2-1
Вардар Форино – Кадино 3-0
Дрита – Кораб 3-1
Охрид – Гостивар 0-1

Се вчитува...