ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Пелистер подобар од Скопје, Лабуништа славеше со Тетекс

Лабуништа стигна до повеќе од значајна победа во битката за задржување на втората позиција на табелата, на гостувањето против Тетекс од 0-1 во 22. коло од Втората лига – Запад.

Бојан Спиркоски донесе големи три бода за Лабуништа со голот во 49. минута од натпреварот.

Пелистер со головите на Ристе Илијовски во 66. минута и Благојче Главевски во 86. минута дојде до победата од 2-0 против Скопје.

Гостивар и Велазерими, пак, одиграа без победник (1-1). Бурхан Алии во 25. минута ги донесе гостите до водство, а Иљаз Чилафи потоа ги постави конечните 1-1.

РЕЗУЛТАТИ – 22. КОЛО

Тетекс – Лабуништа 0-1

Пелистер – Скопје 2-0

Гостивар – Велазерими 1-1

Гоблен јуниор – Кораби 0-2

ВЧЕРА: Генч Калемлер – Струга ТЛ 0-1

Се вчитува...