ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Пораз на Лабуништа, Пелистер со задоцнет финиш

Велазерими го совлада Лабуништа со 1-2 во најинтересниот натпревар од 26.коло во Втората лига Запад. Меритон Мерко ги доведе домашните во водство, а израмни Мирлинд Ибраими на почетокот на вториот дел, по што гостите стигнаа и до победнички погодок.

Пелистер оствари убедлив триумф од 4-0 против Гоблен јуниор. Благојче Главевски постигна два гола, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа и Александар Неданоски и Благоја Наумоски.

Тетекс со пресврт славеше против Генч Калемлер со 2-1, со двата гола на Валон Зеќири. Скопје ја совлада Струга трим Лум со 1-0, со голот на Џунејт Усеинов, а Гостивар и Кораби одиграа 1-1.

Се вчитува...