ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Струга ТЛ се мачеше да дојде до реми со Гоблен јуниор

Во последниот натпревар од 10. коло во Втората лига – Запад, Струга Трим Лум денеска на домашен терен ремизираше (1-1) со Гоблен јуниор.

Гостите поведоа со голот на Гентијан Пајазит во 12. минута, а стружани успеаја да дојдат барем до бод благодарение на голот на Александар Василев во 74. минута од средбата.

И по ова реми Струга Трим Лум со 21 бод остана лидер на Западот, но сега само со два бода предност пред Лабуништа.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...