ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Струга ТЛ со гол во 94. минута го победи Пелистер за враќање на врвот

По само едно коло, екипата на Струга Трим Лум повторно се врати на врвот од првенствената табела во Втората лига – Запад откако во 13. коло триумфираше против Пелистер со 1-0.

Во дебито на новиот тренер на стружани, Јетон Беќири, Струга ТЛ до победата против битолчани дојде со голот на Алтин Лога во 94. минута од средбата.

Гостивар славеше на гостувањето против Гоблен јуниор со погодокот на Антонио Илиески во 57. минута од средбата.

Скопје, пак, пред своите навивачи го победи Кораби со 2-1. Стрелци на головите за Скопје беа Мартин Христов во 6. минута и Филип Јаневски во 52. минута, а единствениот гол за Кораби беше дело на Блерон Муча во 80. минута.

Струга Трим Лум сега е на врвот од табелата со 25 бода, еден повеќе од второпласираната Лабуништа.

РЕЗУЛТАТИ – 13. КОЛО

Струга ТЛ – Пелистер 1-0

Тетекс – Велазерими 0-3

Гоблен јуниор – Гостивар 0-1

Скопје – Кораби 2-1

ПРЕТХОДНО

Генч Калемлер – Лабуништа 0-0

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...