ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Струга ТЛ со пресврт до победа против Кораби

Фудбалерите на Струга Трим Лум ја чуваат предноста на првата позиција во Втората лига – Запад, откако триумфираа на гостувањето против Кораби во Дебар во последниот натпревар од 20. коло.

Стружани на дуелот во Дебар до трите бода стигнаа со пресврт, откако домашните поведоа со голот на Един Мерсовски уште во 18. минута од натпреварот.

Но, во второто полувреме најпрво Дејан Цветановски погоди за израмнување во 56. минута, а Абдулхади Јахја во 75. минута ја донесе посакуваната победа.

Се вчитува...