ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Успеси на Тетекс и на Пелистер

Тетекс и Пелистер остварија значајни победи во денешното коло од Втората лига Запад. „Текстилците“ на домашен терен славеа со 2-0 против Генч Калемлер, со головите на Стефан Коцев и на Меритон Салији, а Пелистер со 1-0 го совлада Скопје. Стрелец на единствениот гол беше Благојче Главевски.

Велазерими и Лабуништа ремизираа без голови, додека Гостивар одигра 1-1 пред своите гледачи против Кораби.

Утре се игра мечот меѓу Струга Трим Лум и Гоблен јуниор.

Се вчитува...