Младата репрезентација на Македонија до 15 години забележа победа од 3-1 против Малта, во четвртиот натпревар на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку, Азербејџан.
Македонските надежи одиграа одличен натпревар и заслужено стигнаа до триумфот. Стрелци за Македонија беа Доротеј Христов во 24. минута, Стефан Стојаноски во 29. и Дин Рожајац во 32. минута. Единствениот гол за Малта го постигна Деклан Замит во 13. минута.
Избраниците на селекторот Горан Станковски досега забележаа две победи, пораз и реми на турнирот. Во првиот натпревар Македонија ја совлада Панама со 4-1, потоа загуби од Чад со 1-2, додека во третото коло одигра нерешено 2-2 против Кенија. По дуелот со Малта, македонската селекција ја очекува и последниот натпревар од групната фаза против Нигер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
