Вториот најбогат човек во светот го купува Милан за една милијарда евра

И покрај тоа што претходно демантираше можност да го купи Милан, Бернард Арно повторно се доведува во врска со гигантот од Сан Сиро.

Најбогатиот европеец, сопственик на модниот бренд Луис Витон, и втор најбогат човек во светот веќе е во преговори со фондот Елиот, кој е сопственик на Милан. Французинот, чие  богатство се проценува на 93 милијарди евра, наводно на почетокот од следната година ќе го купи Милан за 975 милиони евра.

Милан во моментов е во најголем финансиски минус во клупската историја. Американскиот фонд повеќе не го интересираат резултати, туку е фокусиран на заедничка изградба на новиот стадион со Интер, поради што седумкратниот европски шампион ризикува да му се повтори судбината на Арсенал.

Токму затоа спасот се гледа во Арно. Во случај да го купи клубот на Сан Сиро ќе биде доведен Масимилијано Алегри кој го освои Скудетото во 2011 година. Се спомнува и евентуален ангажман на Карло Анчелоти.

Се вчитува...