Второ реми за ПСЖ во низа

Пари Сен Жермен е убедливо на првото место во францускиот шампионат, но тимот на Томас Тухел го одигра второто реми во серија, по неверојатната победничка низа од 14 последовни триумфи. „Светците“ ремизираа на гости против Стразбур (1-1).

Двата гола беа постигнати од белата точка. Кени Лала погоди во 44.минута, а Единсон Кавани реализираше во 71.минута, за поделба на бодовите.

ПСЖ е лидер на табелата со 44 бода, пред второпласираниот тим на Лил со 30.

Се вчитува...