Романскиот второлигаш Корвинул Хунедоара е сензационален освојувач на Купот на Романија.
Клубот основан во 1921 година четири пати во својата историја бил шампион на втората лига, најдобар резултат во романскиот шампионат бил третото место во 1982 година, а сега е сопственик на првиот трофеј. Успехот во купот го носи во квалификациите за Лига Европа.
Корвинул до трофејот стигна со победата против третолигашот Јиул Петросани (4-1 во третото коло), кој победи во групната фаза на натпреварувањето, а потоа во групата ги совлада Чиндија (2-0), Сепси (1-0) и Прогресул (6-0). Потоа почна да реди прволигаши. Во четвртфиналето на натпреварувањето беше подобар од Клуж (4-0), а во полуфиналето против Волунтари (3-1). На крајот падна и Отефул Галати по подобро изведување пенали, за прв трофеј во историјата на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА