Второлигашкото коло одложено за в недела поради тридневната жалост во Македонија

Натпреварите од 3. коло во двете второлигашки конкуренции кои требаше да се одржат во сабота (11. септември) одложени се за в недела, 12. септември, поради тридневната жалост во Македонија.

По големата трагедија во Тетово во која Македонија се зави во црно, ФФМ одлучи да ги одложи второлигашките натпревари за в недела кога е закажано и редовното коло во прволигашката конкуренција.

Синоќа во Тетово изгоре до темел модуларната болница од Ковид-центарот, по страотен пожар во кој животот го загубија 14 лица. Македонската Влада прогласи тридневна жалост до 11. септември.

Се вчитува...