Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му се заблагодари на Никола Јокиќ како и на другите српски репрезентативци кои ќе играат за српската репрезентација на Олимписките игри и им порача дека какви и да постигнат резултати, Србија ќе биде со нив.
Светислав Пешиќ денеска го објави списокот за Париз на кој се најде и најдобриот кошаркар Никола Јокиќ.
„Голема благодарност до најдобриот играч на планетата и голема благодарност до сите други српски репрезентативци. Без разлика какви резултати ќе постигнете во Франција, Србија ќе биде со вас. Да му покажеме на светот кој е најдобар,. Да живее Србија“, рече Вучиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА