Мирко Вучиниќ имаше кошмарно деби на клупата на Црна Гора откако оваа селекција беше понижена со 4-0 на гостувањето против Фарските Острови.
Роберт Просинечки во изминатиот период беше жестоко критикуван за слабите игри на оваа селекција, хрватскиот стратег минатиот месец доби отказ, но Црногорците дополнително потонаа со срамниот пораз од Фарските Острови.
„Нема да го паметам дербито по добро, искрено ми е жал… Никогаш ни како играч не сум се криел, ја преземам одговорноста, немаме самодоверба да се вратиме откако ќе бидеме во негатива, штом противникот поведе со 2-0 престанавме да играме. Ги познавам голем дел од овие момци, за ова кратко време не успеав да допрам до нив, тоа само покажува дека пред нас е многу работа“, изјави Вучиниќ.
Според него, суштинскиот проблем е во тоа што дел од играчите веруваат дека се многу подобри од она што навистина го прикажуваат на терен.
„Треба сите да се прашаме зошто сме во ваква ситуација… мора да сме понизни и скромни, а ние не сме скромни. Неколку фудбалери мислат дека се мајстори на овој спорт, а мајстори се некои други, ние можеме да им парираме само ако ораме по теренот. Нашиот менталитет е… мајсторски, мајстори, мајстори… а нив ги нема… погледннете ги најсилните лиги во Европа, мајсторите трчаат најмногу, гинат на терен. Тоа мораме да го пренесеме и овде, без желба и трчање нема да стигнеме никаде“, истакна Вучиниќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

