Вујин две години „вардарец“, го избра бројот од Кил

Марко Вујин од денеска и официјално е нов член на Вардар, откако „црвено-црните“ го потврдија трансферот на српскиот десен бек.

Станува збор за играч од светско реноме кој на залезот на кариерата пристигнува во таборот на „вардарци“, како замена за Даинис Криштопанс. Воедно, тој го избра бројот 41, што го носеше и при настапите за германскиот гигант Кил.

Српскиот интернационалец Марко Вујин потпиша двегодишен договор со Вардар 1961. Десниот бек кој зад себе има богата интернационална кариера го одбра бројот 41 на дресот со кој ќе настапува во нашиот тим“, објавија „вардарци“.

Се вчитува...