Вујин: Короната ни направи многу проблеми, но големите тимови играат најдобро во вториот дел од сезоната

Ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за вториот дел од сезоната и пеколниот ритам кој ги очекува во месец февруари во кој за 30 дена ќе одиграат дури десет натпревари. Бекот на „црвено-црните“ Марко Вујин вели дека короната беше голем удар за тимот, но вели дека големите тимови играат на високо ниво во вториот дел од сезоната.

„Првиот дел од сезоната помина така како помина. Не сме задоволни со бројот на натпревари кои ги одигравме. Се случуваше во два три наврати стварно да почнеме да играме добор, но проблемите со короната не извадија од ритам. Два три пати почнувавме со нови подготовки и не е воопшто лесно кога се очекуваат озбилни резултати. Сега треба да одработиме вистински подготовки. Многу од нас имаа корона и не се чувствуваа добро. Пеколен февруари е пред нас во кој имаме многу важни натпревари. Научив досега во мојата кариераа дека вистинските натпревари се играат во вториот дел од сезоната. Многу тимови знаат да одиграат неверојатно во првиот и потоа да имаат катастрофални резултати. Големите тимови играат на ниво во вториот дел од сезоната, а јас се надевам дека ние ќе бидеме подготвени за предизвиците“, изјави Вујин. 

Вардарци маратонот го почнуваат на 28. јануари во премиерниот меч од новото издание на СЕХА лигата во кој играат против Војводина на домашен терен.

Се вчитува...