Вујин: Вардар како и секогаш и против ПСЖ ќе оди на победа

Гостувањето кај Пари Сен Жермен в среда е третиот натпревар за Вардар сезонава во Лигата на шампионите. Со три освоиени бода, составот на Стевче Алушовски патува во главниот француски град кај ранетиот ПСЖ кој е во лоша резултатска серија. Марко Вујин очекува голема борба на оваа пресметка и вели дека тој и неговите соиграчи имаат шанса за поволен исход.

„Очекувам да продолжиме во истиот ритам како на последните два натпревара. Мислам дека тоа изгледа многу подбро и сметам дека играме вистински ракомет со вистинските противници и имаме шанси да го добиеме секој натпревар и се надевам дека ќе се вратиме со позитивен исход. Тие сигурно се под притисок, загубија три од четирите средби. Тоа сигурно не го планирале. Имаат и неколку повредени играчи. Очекувам голема борба, одиме на победа како и на секој натпревар. Вардар секогаш мора да оди на победа ќе видиме за што ќе биде тоа доволно. Мислам дека сме подготвени, добро тренираме, добро работиме и едвај го чекаме натпреварот“ – смета Вујин.

Се вчитува...