Вујин: Вардар ќе даде максимум, па ќе видиме дали ќе биде тоа доволно за победа

Ракометарите на Вардар ги очекува гостување кај Киелце во мечот на неделата во Лигата на шампионите. Бекот на „црвено-црните“ Марко Вујин вели дека домашниот терен кога се игра без публика не носи предност, па затоа шансите за победа се исти како и на првиот меч во Скопје.

„Очекувано силен противник тоа го видовме на домашен терен пред некој ден. Но, се гледа дека без навивачи домашниот терен и не е некоја предност. Одиме во Киелце. Одработивме неколку тренинзи и видео анализи. Видовме каде грешевме во првиот меч и се надевам дека тоа ќе го поправиме и ќе направиме позитивен резултат. Тие се врвна екипа, но и ние сме исто. Ќе дадеме максимум па ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за победа“, вели Вујин. 

Натпреварот меѓу Киелце и Вардар е закажан за утре со почеток во 20:45 часот.

 

Се вчитува...