Вујо ќе прозива на 15 јули во Вардар

Актуелниот македонски првак Вардар под водство на новиот тренер Веселин Вујовиќ на 15 јули ќе ги стартува подготовките за новата натпреварувачка сезона, објавија „црвено-црните“ на клупската веб-страница. Предвидено е тимот да остане неколку дена во Скопје, по што ќе првичните вообичаени лекарски прегледи ќе се тренира на подобрување на физичката подготвеност.

Според планот, екипата на Вардар ќе замине на Златибор, каде во периодот од 19 јули до 29 јули треба да ги заврши базичните подготовки и каде ќе се работи на физичката подготвеност. По враќањето од Златибор ќе се работи во Скопје.

За месец август македонскиот првак има покани за настапи на турнирот во Струга и на „Хумел купот” во Магдебург. Се очекуваат точните датуми на овие турнири и ривалите за да може да се планира учеството. Исто така, во август треба да се одиграат и двете четвртфинални средби од СЕХА лигата против ППД Загреб, и за тие натпревари се очекува потврда на точните датуми и саатници.

Воедно, ЕХФ официјално потврди дека „црвено-црните“ се еден од десетте клубови кои има автоматско учество во групната фаза од Лигата на Шампионите, заедно со екипите на: ППД Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Кил, Флензбург, ПИК Сегед, Кјелце и Порто. Другите шест места ќе бидат дополнително пополнети.

Се вчитува...