„Вујо мајсторе“ стигна во Скопје – Следува потпис со Вардар!

Веселин Вујовиќ стигна во Скопје, каде во друштво на првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски ќе го испрати последниот меч на „црвено-црните“ сезонава.

Стевче Алушовски и дефинитивно следната сезона нема да биде на клупата на македонскиот тим, па по доаѓањето се се поголеми шпекулациите дека тој ќе биде предводник на тимот во следната сезона.

 

За Вујовиќ ова ќе биде трет мандат на клупата на двократниот европски шампион откако на чело на клубот од Скопје беше во периодот од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година.

 

 

Се вчитува...