„Вујо мајсторе“ влече на „своја страна“: Вардар ќе ја одбрани титулата во ЛШ!

Еден од омилените ликови на вардаровите навивачи, легендарниот Веселин Вујовиќ тврди дека Вардар и оваа година на Ф4 во Келн ќе ја одбрани титулата во Лигата на шампионите.

„По се што покажа и оваа година мислам дека Вардар може да биде прв тим кој успеал да ја одбрани титулата шампион на Европа. Тоа е навистина тежок подвиг затоа што целото натпреварување е напорно. На Вардар му е олеснета ситуацијата со тоа што се соочува со Монпелје во полуфиналето. Прогнозирам финале Вардар – ПСЖ, и иако можеби сум лош прогнозер сметам дека Вардар ќе ја одбрани титулата. Давам предност на македонскиот тим затоа што минатата година победи иако беше аутсајдер. Тоа од психолошки аспект сега е голем плус“ – вели „Вујо мајсторе“ во интервјуто за босанскиот „Спортспорт.ба“.

Сепак, Вујовиќ смета дека за Вардар не е позитивно тоа што се гледа дека тимот од следната сезона не ниту најмалку да биде истиот со бројни заминувања на клучни ракометари…

„Не сум сигурен дека тоа ќе им биде мотивација бидејќи заминуваат од тимот. Се виде тоа и со женскиот тим. Мислам дека за играчи е подобро да веруваат во клубот, проектот, сигурна иднина, итн. Мислам дека мотивацијата и емоциите нема да бидат на највисоко ниво. Мене ми е интересно дека Раул Гонзалес и Давид Дејвис си заминаа од клубот веднаш штом добија добра финансиска понуда. Мене тоа воопшто не ми се допаѓа, но таков е пазарот“ – истакнува Вујовиќ.

 

 

Се вчитува...