Вујо: Ми беше страв пред мечот, но кога го видов Борко…

Вардар продолжува со одличните партии сезонава во Лигата на шампионите откако триумфираше на домашен терен против актуелниот вицепрвак Алборг со 30-28.

Тренерот на „црвено-црните“ Веселин Вујовиќ по мечот вели дека пред мечот имал многу страв, но кога видел борба кај ракометарите знаел дека можат до поволен резултат.

„За мене Алборг е меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Имам голема почит. Ми беше страв пред натпреварот. Но, за време на истиот видов борба, контрола, посебно во одбраната каде игравме цврсто. Го имавме и расположениот Борко на голот. Му посакувам на противникот среќа па дури и пласман на Ф4-турнирот во Келн“, изјави Вујовиќ.

Се вчитува...