Вујо тргна со победа – Вардар славеше на контролата против Металург

Ракометарите на Вардар победија на пријателскиот меч против Металург со 29-24 (15-13) со што го означија почетокот на подготвителниот период во кој Веселин Вујовиќ планира да го воигра тимот во пресрет на новата сезона и предизвиците во Лигата на Шампионите.

Двата тренери им дадоа шанса на сите играчи што ги имаат на располагање и повеќе се внимаваше на воигрувањето и „барањето“ на вистинската седморка која треба да го понесе товарот во текот на сезоната.

Металург го отвори добро натпреварот со имаше водство од еден гол предност, а од 12 минута Вардар првпат поведе и потоа се играше „гол за гол“. Во последните минути од првиот дел „црвено-црните“ зголемија на 15-13. Во второто полувреме Вардар беше тимот што беше во водство, иако Металург постојано резултатски беше во игра и израмнија на 21-21. Повторно во последните минути Вардар направи предност од неколку голови и на крајот заслужено стигна до победата.

Се вчитува...