Вујо за словенечкиот бод за Македонија: Ми веруваа и среќен сум што можам да им погледнам во очи!

Две седмици по завршувањето на Светското првенство во Франција, се уште не стивнале реакциите, интервјута и сумирањето на впечатоците од се она што се случуваше на францускиот ракометен мундијал. „Бронзата“ на Словенија и првиот тренерски медал за Веселин Вујовиќ беа едно од обележјата на мундијалот. Словенците го слават Вујовиќ и историскиот успех, но, се уште „ги мачи“ онаа изјава на селекторот дека бодот против Тунис и го посветува на Македонија и на македонските играчи.

„Знаеме каков однос имаат Македонците кон вас и вие кон нив, бидејќи два пати бевте успешен тренер на Вардар и селектор на македонската репрезентација. Сепак, не мислите ли дека отидовте предалеку кога бодот на Словенија против Тунис после пресвртот им го посветивте на најголемите македонски ракометни имиња и на нивниот народ?“ – го прашаа Веселин Вујовиќ во интервјуто за словенечкиот портал „siol.net“.

А, еве што им одговори Веселин Вујовиќ на тоа:

Знаете дека порано јас ги тренирав момчињата од македонската репрезентација која во моментот на нашиот натпревар со Тунис се бореше за пласман во осминафиналето. Пред натпреварот се поздравија со мене и ми рекоа – нема да изгубите од Тунис, нели. Им одговорив: Како да изгубиме? И ми веруваа. А, потоа ние бевме блиску до пораз… Таа изјава беше емоционална. Секако дека бодот е словенечки. Не можам да и го припишам на мојата мајка. Но, среќен сум што можам да им погледнам во очи“ – вели миленикот на македонската публика сега во улога на селектор на Словенија.

Се вчитува...