Вујошевиќ ќе ја предводи БиХ во квалификациите за СП 2019

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина, Душко Вујошевиќ дефинитивно ќе биде на клупата на селекцијата за време на квалификациите за СП 2019. Овие добри вести ги најави потпретседателот на федерацијата на БиХ, Сејо Буква, кој вели дека Вујошевиќ се чувствува добро по ампутирањето на неговиот прст од стопалото.

„Разговаравме со Вујошевиќ за ситуацијата околу репрезентацијата, и на задоволство на сите можам да кажам дека тој се чувствува добро и ќе ја предводи селекцијата на квалификациите. Душко ми посочи дека со нетрпение ги чека претсезонските подготовки“, изјави Буква по посетата кај црногорскиот стратег.

58-годишниот селектор кој боледува од дијабетис, во текот на претсезонските подготовки итно беше однесен во Белград откако неговата здравствена состојба се влоши, а откако третманите не помогнаа, докторите мораа ампутираат еден прст од неговата нога со цел да се спречи гангрена.

Селекцијата на Босна и Херцеговина е во групата Е во квалификациите, заедно со репрезентациите на Русија, Белгија и на Франција, а првиот меч го играат на 24. ноември против рускиот национален состав во Сараево.

Се вчитува...