Вујошевиќ нов селектор на БиХ

Душко Вујошевиќ официјално е назначен за нов селектор на кошаркарската репрезентација на БиХ. На кормилото на БиХ, Вујошевиќ доаѓа на местото на Дамир Мулаомеровиќ кој беше сменет по неуспехот во квалификациите за Евробаскет 2017.

Искусниот 58-годишен стручњак во својата речиси тридецениска тренерска кариера, четири пати го предводеше Партизан, потоа работеше во ЦСКА Москва, а моментно е тренер на францускиот Лимож. Вујошевиќ претходно беше селектор на репрезентацијата на Србија и Црна Гора, а по одвојувањето, од 2007 до 2011 година ја предводеше репрезентацијата на Црна Гора со која избори пласман во А дивизијата.

Со Вујошевиќ на клупата, репрезентацијата на БиХ ќе настапи на претквалификациите за СП во Кина, во групата со Шведска, Словачка и со Ерменија.

Се вчитува...