Вујошевиќ: Во Партизан во тимот ми ставија и син на директор на банка

Душко Вујошевиќ ја продолжува војната со Партизан преку српските медиуми, откако од страна на клупската управа беше критикуван што се обидува да си го наплати долгот што „црно-белите“ го имаат кон него.

Ние имавме спогодба за исплата на долгот на рати, а во истиот тој договор се вели дека во случај на спор (неисплата според договореното) за целиот случај ќе решава Арбитражниот суд на ФИБА. Сега зборуваат дека мојот адвокат го фатил на сентименталност Никола Пековиќ за да ја додаде клаузулата за овој Суд. Значи, тие цело време имале стратегија ништо да не ми исплатат“ – изјави Вујошевиќ.

Трофејниот стратег откри и сериозен проблем со кој се соочил во последната година во Партизан, кога бил принуден во тимот да вклучи играч што воопшто не бил дел од неговите планови.

Тогашниот претседател Павловиќ, донесен во клубот од Тодориќ, зел кредит од Марфин банка, а јас не ги знаев условите од тој кредит. Всушност, обврската беше моја – синот на директорот на банката – Ненад Стефановиќ, мора да биде во тимот. Морав да го прифатам тоа, но реков дека ќе игра онолку колку што ќе заслужи. И играше – многу малку“ – открива Душко Вујошевиќ.

Се вчитува...