Вардар продолжува со пеколното темпо натпревари, па по победите над Мешков Брест и над Еурофарм Пелистер пред избраниците на Вујовиќ е нов предизвик, дуел со европскиот вицешампион Алборг (утре, 18.45 часот).
Вујовиќ на денешната прес-конференција со огромен респект говореше за противникот, но и напомена дека „вардарци“ можат да се надеваат на позитивен резултат бидејќи зад себе ќе ја имаат и публиката во СЦ „Јане Сандански“.
„Во претходните две недели одигравме дури шест натпревари, а дополнителен проблем е што во домашното првенство не можеме да сметаме на сите ракометари. Сега пред нас е Алборг, тим за кој не треба да се трошат зборови, според мене Алборг игра најубав ракомет во Европа. Сепак, ние играме дома, ја имаме поддршката од публиката. На крилата на навивачите даваме 100% од себе, играме квалитетно и можеме да го победиме секој ривал, па и Алборг“, изјави Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА