Вујовиќ: Бев деградиран како човек во Железничар

Веселин Вујовиќ поднесе оставка на местото тренер на Железничар. Лошите резултати доведоа до тоа Црногорецот да замине од тимот од Ниш, а како што наведува тој заминува поради катастрофалната ситуација во која се наоѓа клубот.

„Деградиран бев како тренер, како стратег, како човек. Финансиски проблеми уште од самиот почеток. Немаме земено плата 9 месеци, ниту јас ниту ракометарите. Не ги добив парите кои ми беа ветени, а јас им позајмував и на клубот и на ракометарите. Не сакам да ја отворам темата, но Железничар не постои како клуб. Како да сме граѓанско здружение. Немаме претседател, немаме управа, немаме спонзори, нема ништо. Не му замерувам на никого, но морам да заминам поради себе“, изјави Вујовиќ. 

Вујовиќ на кормилото на Железничар дојде на почетокот на сезоната, како дел од големиот проект кој требаше да се случи во Ниш.

Се вчитува...