Вујовиќ: Доколку Вучиќ воведе диктатура ќе биде казнет од граѓаните

Ситуацијата со коронавирусот во Србија ескалираше. Зголемен број на случаи во последните недела дена, а голем дел од граѓаните протестираат против ставовите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој сака да го врати карантинот во земјата. Легендарниот Веселин Вујовиќ е меѓу тие кои што не се сложуваат со ставот на претседателот на државатрта.

И “Вујо мајсторе” не издржа:

„Оној ден кога Вучиќ наговести враќање на карантинот и полицискиот час, јас пукнав и реков „ало бре“ не си ти сопственик на мојот живот. Ако Вучиќ воведе диктатура ќе биде казнет од граѓаните. Бараше од мене да држам социјална дистанца и од четврток до понеделник да не излегувам од дома. Почитував се, полицијата не ми дозволи да одам до викендичката да земам лекови, а истовреме луѓе со сомнителен карактер имаа дозвола да се шетаат по градот. Подоцна наеднаш е укинат полицискиот час и сите мерки. Кога пројдоа изборите, народот беше обвинет дека е виновен за зголемениот број на случаи. Јас ќе бидам првиот кој нема да прифати нов полициски час и карантин“, изјави Вујовиќ. 

Се вчитува...