Вујовиќ го шокираше Загреб: Оставка од лични причини

Веселин Вујовиќ го напушти кормилото на хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб, потврдија од клубот. Како што се наведува во официјалното соопштение тој го напушта Загреб поради лични причини.

„Поради лични причини Веселин Вујовиќ го напушта Загреб. Му посакуваме среќа“, стои во соопштението од клубот. 

Одлуката е изненадувачка бидејќи стигна само три дена по неговото враќање во Загреб и одржување на првиот тренинг со екипата по паузата поради пандемијата од коронавирусот.

Oва за Црногорецот беше втор мандат на клупата на ППД Загреб кој почна во 2019 година. Претходно на чело на клубот беше во периодот од 2014 до 2016 година.

Veselin Vujović više nije trener rukometnog kluba Prvo plinarsko društvo Zagreb!

Zbog osobnih razloga je odstupio s ove pozicije te napušta Zagreb. Želimo mu sreću u budućem radu!
Hvala Vuja 💙

Posted by RK Zagreb on Friday, May 22, 2020

Се вчитува...