Вујовиќ: Кога би можеле да го вратиме Карачиќ, Вардар би бил поквалитетен

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, откри дека посакува Игор Карачиќ да се врати во таборот на „црвено-црните“.

Во изјава за „Бекстејџ“ прашан дали посакува повторно да соработува со Карачиќ, Вујовиќ кажа дека неговото враќање би го подигнало нивото на квалитет во Вардар.

Вујовиќ рече дека не само Карачиќ, туку би сакал во Вардар да се вратат и некои други играчи кои биле дел од успесите и освојување на европскиот трон.

„Не само Карачиќ, би сакал во Вардар да се вратат и многу играчи кои беа дел од Вардар како Душебаев, Циндриќ, Кристопанс… Меѓутоа не е можно да ја направиме таа екипа во моментов. Доколку би успеале да го вратиме само Карачиќ, тоа би било неверојатно за мене, а и за навивачите, а секако би го кренал квалитетот на Вардар, но во моментов не е реална опција“, рече Вујовиќ.

Се вчитува...