Вујовиќ коректно: Оставете ме мене, Лино Червар е најдобар балкански тренер за сезоната 2019/20

Наспроти огромното ривалство кое од поодамна владее меѓу Веселин Вујовиќ и Лино Червар, популарниот Вујо со свој став околу изборот за најдобар ракометен тренер на Балканот за сезоната 2019/2020, нагласува дека тоа признание овој пат без никаква конкуренција му припаѓа на Хрватот.

Во изборот на „Балкан-хендбол“, Вујовиќ води во гласањето на читателите, па токму поради тоа нагласува дека тој избор е беспотребен затоа што единствено Червар го заслужува признанието. Во изборот се и Зоран Рогановиќ, Драган Аџиќ и Љубомир Обрадовиќ.

„Почитувани пријатели, иако ми годи што во моментов сум на водечката позиција, сепак по сите критериуми титулата најдобар за оваа година му припаѓа на господинот Лино Червар кој е освојувач на сребрен медал од Европското првенство со Хрватска. Ви благодарам на сите што гласавте за мене, но со избира најдобар, а не најомилен тренер“ – напиша Веселин Вујовиќ на својот фејсбук профил.

Се вчитува...