Вујо категоричен: „Мојата љубов кон Вардар никогаш не згаснала, се вратив во мојата втора татковина!“

Ракометниот клуб Вардар во иднина на чело ќе го има љубителот на навОзнакиивачите откако Веселин Вујовиќ потпиша нов договор со „црвено-црните“.

За Вујовиќ ова ќе биде трет мандат со двократниот европски шампион откако на чело на клубот од Скопје беше во периодот од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година. Како што вели легендарниот тренер, чест и задоволство е да се биде тренер на Вардар.

„Ова е моја трета етапа во Вардар и се надевам дека ќе биде успешна како и претходно. По моето заминување со Вардар се случија убави работи. Два пати ја освои Лигата на Шампионите и стана европски бренд. Мојата љубов кон Вардар никогаш не згаснала, ниту во периодот кога не бев дел од него. Свесни сме дека тимот не е квалитетен како минатите години, но верувам дека со комбинација од интернационалци и домашни играчи ќе направиме добар резултат сезонава“, вели Вујовиќ.

Новиот тренер на Вардар ќе има слобода да го состави тимот за следната сезона, а како што вели шанса ќе даде на сите играчи.

„Утрово ја гледав младата екипа, попладне ќе ги погледнам и Работнички. Денеска ќе имам и состанок со домашните играчи на кои ке им соопштам дека ќе добијат шанса и дека странци ќе носиме само квалитетни играчи. Михајло дојде во помош да го спаси Вардар од згаснување и да го врсти на прави патишта клубот. Кога ќе се вратам во Македонија се враќам во мојата втора татковина“, додава Вујовиќ.

Се вчитува...