Вујовиќ: Нема да може да сметаме на Ристовски, но не патуваме со „бело знаме“ во Данска

Ракометарите на Вардар утре ќе му гостуваат на данскиот Алборг во натпревар од 5. коло во Лигата на шампионите.

Тренерот Веселин Вујовиќ на овој меч поради здравствени причини нема да може да смета на херојот од мечот во „Јане Сандански“, голманот Борко Ристовски.

„Ќе биде многу поразличен натпревар од тој во Скопје. Во Скопје се обидовме да не влеземе во нивниот ритам, да не трчаме многу да ги успориме, а крајниот резултат е показател дека успеавме во тоа. Тие сигурно нема да ги повторат грешките од Скопје. Ќе трчаат многу и многу се посилини во тој сегмент од контри и полуконтри од нас. Ќе ни недостастува Борко Ристовски кој нема да патува во Данска поради здравствени причини. Малку сме сите загрижени по мечот со Монпелје. Очекувањата на јавноста, но и нашите беа многу поголеми. Но, тој меч покажа дека во Европа се игра многу силен ракомет, дека нема лесни противници, дека Вардар мора уште многу работи да поправи за да игра со најдобрите екипи. Мораме многу да трчаме и да се трудиме да не примиме лесни голови, бидејќи тоа им е најсилен сегмент. Не одиме со бело знаменце, бидејќи ако можеше Брест Мешков да игра во егал до крајот зошто да не можеме и ние“, изјави Вујовиќ. 

Натпреварот кој ќе се игра во Данска е закажан за утре со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...