Вујовиќ: Нема логика… се бројат жртви и заразени, а повеќе луѓе умираат од обичен грип

Веселин Вујовиќ секогаш се издвојува со специфични размислувања, а исклучок не е ниту моментната светска криза со коронавирусот. Тој не ја гледа причина за толкава паника на светско ниво, ако бројките од починати лица од Ковид-19 се споредат со оние кои го загубиле животот од обичен сезонски грип.

Гледам, слушам, размислувам со своја глава и ништо ми нема логика. Се бројат жртви и заразени, а реално гледано, има помалку мртви отколку во овој период минатите години. На светско ниво бројката на жртви од корона е помала отколку од обичем грип. Што се случува тука, кој се игра со кого, најверојатно никогаш нема да дознаеме. Признавам дека сум тотално збунет, бидејќи многу луѓе остнауваат без работа. Не знам, можеби за неколку месец се ќе помине и ќе заборавиме, но светот веќе нема да биде ист“, истакнува тренерот на Загреб за „Спортске Новости“.

Поранешниот стратег на Вардар открива и како ги минува деновите во изолација во Шабац.

„За среќа, имам овде куќичка на Сава, нема многу луѓе околу мене, па уживам со сопругата. Цело време сум надвор на воздух, ловам риба и чекам да дојдат подобри денови. Пред неколку дена заминав кон градот и видов дека ми е многу подобро во споредба со другите луѓе. Прво што ми падна на ум беше како сето ова се одразува врз психата на пензионерите, кои со недели се затворени во меѓу четири ѕида“, вели Веселин Вујовиќ.

 

 

Се вчитува...