Вујовиќ: Ова беше „луда“ победа, ќе се прераскажува со години

Словенија направи ракометно чудо во Франција, освојувајќи го третото место и бронзениот медал, откако во малото финале ја совлада Хрватска со 31-30. Словенците беа во негатива во текот на целиот меч, Хрватска имаше дури и осум гола предност во второто полувреме, но момците на Веселин Вујовиќ се надминаа и со неверојатен финиш стигнаа до посакуваниот триумф.

slovenija treta

Не може да верува се уште ниту самиот Веселин Вујовиќ, кој вели дека неговата селекција остварила „луда“ победа.

„Ова беше навистина „луда“ победа. Навистина не знам што да кажам друго, а да ги опишам случувањата на теренот. Имавме негатива, бевме во нокдаун, но верувавме и понатаму. Кога почнавме да се враќаме, побарав од момците токму тогаш да го дадат својот максимум. И успеаја. Ова ќе се прераскажува со години, бидете сигурни. Ова е подарок за цела Словенија“, изјави Веселин Вујовиќ.

Се вчитува...