Вујовиќ: Ова не личеше на Вардар…

Веселин Вујовиќ го претрпе првиот пораз по враќањето на клупата на Вардар, апсолутно заслужен ако се земе во предвид доминацијата на Монпелје на теренот на СЦ „Јане Сандански“.

Гостите од Франција го контролираа резултатот од почеток до крај, а „вардарци“ можат само да жалат за промашените зицери, со кои сигурно ќе влезеа во неизвесна завршница и бодрени од фанатичната публика ќе можеа да се надеваат на позитивен исход.

„Целиот тим потфрли, Вардар не личеше на себе. Честитки за тимот на Монплје кој заслужено победи денеска. Ние не личевме на тимот од тие први три кола, не му париравме на ривалот во ниту еден сегмент. Жалам и што не ја наградивме публиката за оваа одлична атмосфера. Има уште многу да се игра, мораме да анализираме, да го корегираме проблемот и да продолжиме понатаму“, изјави Вујовиќ.

Се вчитува...