Вујовиќ: Повеќе сакам да победам со четири, отколку со пет гола разлика

Веселин Вујовиќ имаше причина да биде задоволен откако Вардар славеше со 24-20 на првиот дуел со Загреб, создавајќи си солидна предност пред реваншот на 31 август во Хрватска.

„Црвено-црните“ покажаа квалитет пред се во одбраната, но Вујовиќ е убеден дека македонскиот првак може да игра на уште повисоок ниво.

„Ако ми верувате, јас на полувреме им кажав дека сакам и второто полувреме да го добиеме со два гола, за конечни „плус четири“. Тоа е одлична предност, јас лично повеќе сакам да победувам со четири, отколку со пет гола разлика бидејќи пет е позитива што може да те опушти. Четири е голема предност, но исто така те држи буден, да си свесен дека мора да одиграш уште еден одличен меч. Ништо не е решено, ќе има уште многу борба, Загреб покажа дека е одлична екипа, а јас знам дека ние можеме да одиграме уште подобро“, изјави Вујовиќ.

Се вчитува...