Вујовиќ: Реален резултат е ремито… Многу тимови нема да победат во Норвешка

Вардар одигра нерешено 27-27 на гостувањето во Норвешка против Елверум во првиот натпревар од новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Тренерот на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ

„Им честитам на противниците за прикажаното денеска. Одигравме интересен натпревар уште од почетокот. Ние бевме подобри во првиот дел од средбата, а Елверум во вториот и можеби нерешениот епилог е реален резултат. Елверум играше многу добар ракомет и на високо ниво. Многу клубови ќе изгубат тука, во тоа сум сигурен. Сепак, немаме многу време за размислување. Веднаш ќе почнеме со подготовки за следните натпревари“, изјави Вујовиќ. 

Во следното коло Вардар на 22. септември во „Јане Сандански“ ќе го пречека Мешков Брест.

Се вчитува...